Понеделник, 12 Јули 2010 15:14

Сигурно веќе сте во тек со настаните околу овој случај. Односно дека големи побуни преку фејсбук имало за настапот на Џенифер во Кипар односно таму каде што живеат турците. Ова нејзино откажување може да ја чини четириесет милиони долари.
Организаторите на концертот кој таа го откажа поради политички причини, размислуваат да ја тужат пејачката која веќе го добила својот хонорар, три милиони долари. ''Иако нејзиниот менаџер рече дека концертот ќе биде откажан поради протест, Џенифер не уверува дека концерт ќе има'', рекол портпаролот на хотелот Кратос во кој таа би требало да настапи на 24 јули. Доколку евентуално се поднесе тужба организаторите на ова би побарале пејачката да им исплати 40 милиони долари.