Четврток, 15 Јули 2010 09:52

Америчкиот рапер Лил Вејн кој се наоѓа во затвор поради илегално поседување на оружје ќе го објави својот дигитален албум на 27ми септември на неговиот 28ми роденден.
На албумот "I'm Not a Human Being" ќе биде новиот материјал и композициите кој ќе се најдат и на албумот "The Carter IV".
Тој албум ќе биде спремен за објавување кон крајот на декември. Неговиот претходен албум "Rebirth" е во продажба пуштен во февруари.
Двејн Мајкл Картер, познат како Лил Вејн од март ја служи едногодишната затворска казна во еден од затворите во Њу Јорк.