Вторник, 03 Август 2010 14:25

Парите сепак се често попримамливи од некои борби за некои права.
Така Лејди Гага ги одби сите молби да го откаже својот концерт во Аризона, каде жителите бојкотираат вакви пејачки манифестации се додека не се укине контроверзниот закон (SB 1070), кој е новиот закон за имиграција со кој полицијата во Аризона може на улица да застане и да го провери секој за кој ќе се посомнева дека е илегален имигрант. На Лејди Гага и пристигнувале повици од познати пејачи, кои имале намера да ја натераат да ја подржи нивната кампања, со тоа што таа би го откажала својот концерт. Сепак нејзиниот концерт во саботата пред своите фанови се одржа. ''Примив многу повици од некои рапери и рокери, кои сакаа да го откажам овој концерт. Зарем мислите дека поп ѕвездите можат да ''згаснат'' една цела држава? Зарем навистина мислите дека пејачите можат да ја уништат економијата на цела држава? Не, ние мораме да бидеме активни и гласно да протестираме против законот'', порачала Лејди Гага од концертот.