Понеделник, 18 Јануари 2010 20:10

Како што веќе сигурно знаете Џорџ Клуни ќе прави ТВ спектакл за помош на Хаити, и на овој настан ќе настапат светски познати имиња од музичката сцена.
Телевизискиот спектакл за собирање средства за помош за настраданите на Хаити ќе биде одджан во петок 22 јануари, најави клуни во соработка со музичарот Вајклеф Жан. На овој настан ''Надеж за Хаити'' ќе настапат Боно од U2, Џастин Тимберлејк, Алиша Кис и Кристина Агилера, но се очекува на овој список да се додадат уште неколку имиња. Џорџ Клуни ќе биде водител на шоуто од Лос Анџелес, Жан од Њу Јорк, а во живо од Хаити ќе јавува водителот на CNN Андерсон Купер. Во живо овој настан ќе се емитува ба десетина канали.