Понеделник, 01 Февруари 2010 18:08

Кон средината на летото во трафиките ширум светот ќе може да се најде стрип и за животот и делото на популарниот фудбалер Дејвид Бекам.
Големите љубители на стрипот одсега во својата колекција освен Спајдермен, Загора и Марти Мистерија, ќе можат да го имаат и стрипот за мегапопуларниот англиски фудбалски репрезентативец. Стрипот најмногу ќе се занимава со младоста на Дејвид Бекам односно неговиот успон во кариерата во Манчестер Јунајтед. Во стрипот свое место ќе заземе и неговата сопруга Викторија Бекам, но нема да биде изоставена и авантурата со Ребека Лус.