Вторник, 02 Февруари 2010 18:18

Се зборуваше дека тие ја прекинале врската, но Katie Price објавила дека таа и Alex Reid се свршени и до крајот на годината ќе се венчаат.
Нема ни два месеца откако таа јавно го посрамоти оставајќи го пред милиони гледачи на реалното шоу ''I'm A Celebrity'', но изгледа дека атрактивната Katie се предомислила за поранешниот но сега актуелен дечко Alex Reid. Имено таа не се смири со него, туку за OK! изјавила дека ќе се мажи за ултимејт фајт борачот и ќе му роди деца. ''Оваа година имам намера да се омажам за Alex и имам намера да станам и мајка на негови деца. Жал ми е што не го сретнав пред шест години. Тој е совршен на сите можни начини'', изјавила Katie.