Сабота, 06 Февруари 2010 21:08

Elin Nordegren одлучила на својот неверен сопруг да му даде уште една шанса пишуваат американските таблоиди.
Тајгер Вудс ја напушти клиниката за одвикнување од сексуална зависност, за да може да го спаси и она што останало од бракот со Elin. Голферот признал само три од можните дванаесет вонбрачни врски, во текот на заедничките сеанси со Elin на рехабилитацијата во Аризона. Иако мајката на неговите деца не носи бурма сепак таа ќе му даде шанса на Тајгер. Тие би требао да го поминат викендот со децата на луксузната јахта на Вудс ''Privacy''. Тајгер Вудс се нема појавено во јавноста откакого удри автомобилот пред неговата куќа, кога Elin го бркаше со палка за голф.