Сабота, 03 Јули 2010 09:16

Американската добро позната старлета Парис Хилтон ја уапсила јужноафриканската полиција поради поседување марихуана.
Наследничката на империјата Хилтон, е уапсена во Порт Елизабет каде го следела натпреварот меѓу Холандија и Бразил. Парис Хилтон (29) наводно е уапсена бидејќи во близина на стадионот пушела марихуана. Таа е ослободена со кауција, сето тоа бидејќи на полицајците им објаснила дека ''не пушела таа, туку некоја непозната личност во нејзиното пошироко друштво'', така велат од нејзината лична служба.