Понеделник, 06 Септември 2010 11:13

Доколку се докаже дека кокаинот кој го пронашла полицијата во нејзината кола е нејзин, тогаш Парис Хилтон ја очекуваат една до четири години затворска казна. Твитер заедницата има докази кои се доволни за Парис да оди позади решетки.

Против славната и богата девојка минатиот месец во Лас Вегас е покрената тужба за поседување дрога. Иако на сослушувањето таа тврдела дека пакетот со кокаин мислела дека е мастика а потоа и торбичката која е во која пронајдено е дрога тврдела дека не е нејзина. Парис е под истрага откако Твитер нашол докази кои би можеле да и направат проблеми на Хилтон. Неодамна во вода пропадна одбраната кога некои членови на Твитер нашле и закачиле фотографија на онаа торбичка во која е најдена дрога, а истата Парис неодамна ја фалела на Твитер, односно колку ја сака својата нова торбичка од Шанел. По ова Парис Хилтон (29) рекла дека таа ташничка неможе да биде нејзина бидејќи не е доволно фенси за неа. Фотографијата на Твитер е доволен доказ, а интернет мрежада одлучила да го казни лажењето и извлекувањето од одговорностите само затоа што се познати и таа слика ја поставиле како доказ, па сега може да и послужи на полицијата.