Што навистина сакаат мажите од својата девојка

Сите ние имаме листа на желби за потенцијален партнер. Некои се кратки и јасни, а некои можат да наполнат цел роман.
Всушност, ако размислиме, ќе дојдеме до неколку работи кои ги доживуваме како есенцијални за добра врска, без оглед дали си ги признаваме себеси или на другите.

Според вообичаените стереотипи, мажите се повеќе заинтересирани за физичката привлечност и сексуалната страст, додека девојките се позаинтересирани за финансиската стабилност и посветеноста на врската.

Во овие стереотипи сигурно има и трошка вистина, но реалноста лежи некаде помеѓу, односно и мажите и жените во основа сакаат доста слични карактеристики кај нивните партнери, но можеби им даваат различни приоритети, а понекогаш и различно ги дефинираат.

Од сите можни, кои се најважните особини кои мажите дефинитивно мора да ги имаат во својата врска?

Треба да биде атрактивна

Девојката треба да е атрактивна физички, затоа што она што мажите прво го забележуваат кај девојките е нивниот изглед и сексуална привлечност. Но, тоа е само првата искра, која после некое време се истрошува како што партнерите се навикнуваат еден на друг. Она што мажите го ценат после тој период е колку девојката се труди да изгледа добро за својот партнер.

Вистина е дека ова оди во прилог на подржување на стереотипот дека мажите примарно ги интересира изгледот, но заплетот е во тоа како ова влијае на подолг рок, во смисла на врска. Спротивно на мислењето на голем број девојки, дека треба да изгледаат како супермодел или секогаш да бидат максимално 'средени', тоа не е толку значајно за мажите, она на кое што обрнуваат внимание е колку една девојка вложува напор да изгледа добро за својот партнер.

Ако посветувате внимание на својот изглед само во ситуации кога треба да одите некаде или се облекувате убаво само за пред други, тој ќе го забележи тоа.

Едно истражување објавено во Журналот за Семејна Психологија ја подржува оваа идеја за влијанието на изгледот и по иницијалното допаѓање, иако трансформирано во поинаква форма. Истата студија дошла до сознанија дека физичкиот изгледа пак за девојките воопшто не е пресуден, ни на пократок ни на подолг рок, она на што тие се концентрираат кај мажите е нивната способност да им обезбедат поддршка и стабилност, особено на подолг рок.

Сакам да бидам сакан за она што сум, а не за она што можам да го обезбедам

Мажите сакаат жена која ќе ги сака, а не жена на која ќе и требаат. Секој маж сака да биде сакан заради него самиот. За мажите не е многу тешко да забележат дали некоја жена е заинтересирана за екстерните работи кои го карактеризираат, што е на некој начин знак на равенство за вљубеност во пари, изглед или чисто од очај, а не во човек. Повеќето мажи изјавуваат дека многу повеќе имале релација со такви девојки отколку со некоја која покажала интерес за нив самите.

Ниедно машко не сака жената да го гледа како банка, татко по потреба или средство за постигнување на било која цел. Огромен процент на девојки пристапуваат кон мажите на овој начин и прават фатална грешка, која потоа им се враќа како бумеранг.

Лекцијата што може да се научи е дека секое машко бара автентична блискост и ако ја нема од другата страна веднаш забележува. Мажите не сакаат девојки за кои ќе претставуваат некоја идеализирана верзија, туку реален лик со кој се подготвени за реална врска, а не Кен за нивната Барби.

Физичката блискост е есенцијална

Не, не се работи за сексуалната блискот како што вели стереотипот. Спротивно на вообичаените верувања дека мажите се ладни и не сакаат многу допирања, гушкања и слични работи, тие се многу заинтересирани за таквиот контакт. Па може да се каже дека жените наголемо го имаат потценето значењето кое го имаат за нив секојдневните блиски телесни контакти. Сладок бакнеж, искрена прегратка, нежен допир, сите тие се работи кои ве качуваат на експресниот воз до срцето на мажот.

Понекогаш девојките се изненадени зошто некој им раскинал и просто збунети што се случило. Дури и пријателите ќе се зачудат, особено ако се работи за интелигентни и згодни девојки со добар карактер. Клучната работа која ја немале во таа неуспешна врска, била потребата на мажите за тие ситни телесни задоволства на кои не им обрнале внимание и притоа се претвориле во ладно суштество кое односот го сфатило како техничка работа.

Ова особено се случува по првичниот период од врската кој обично е преполн со телесни нежности, па нивното ускратување подоцна мажите го сфаќаат како недостаток на љубов и топлина. Ако вистински сакате некого, тие физички контакти мора да се присутни секојдневно. Ова е впрочем и една од клучните работи која се јавува како причина заради која изневеруваат мажите, повисоко рангирана и од сексот.

Треба да ја разбира мојата смисла за хумор

Можеби треба да се каже дека хуморот е неофицијално клучниот елемент во флертувањето на мажите. Тие сакаат да се смеат и да се забавуваат. Животот и онака не е детска игра, па повеќето мажи би сакале крајот на денот да го поминат во заеднички активности со својата сакана при што ќе има многу смеа.

За мажите честопати е проблем да најдат девојка која им ја сфаќа смислата за хумор, а за многумина тоа е значајна работа која доколку ја нема осетно ја слабее врската.

Кога девојката се смее на неговите шеги, тоа е голем импулс за егото на мажот при што тој се чувствува помоќен, поинтересен, посмирен и поразбран од неговата сакана. Сето тоа придонесува за продлабочување на врската во големи размери. Насмеаната атмосфера е како лепак кој спојува две срца.

Би сакал мојата девојка да е искрена и трпелива

Ова е можеби и број еден барање од мажите, особено од оние кои веќе имаат неуспешни врски зад себе и ги анализирале зошто пропаднале. Многумина од нив ќе ви речат дека да, битен им е изгледот и сексуалната возбуда итн., но од аспект на долги релации, мажите пред се забележуваат како некоја девојка се справува со предизвиците.

Дали се притресува премногу околу ситници? Дали би морал да ја смирувам или разубедувам дека се е ок кога работите нема да се одвиваат како што си замислила? Дали нејзиниот пристап кон нашите разлики е искрено да ми го каже своето мислење и како се чувствува или пак е пасивно агресивна плачка?

Воопшто не ме интересира колку е убава и секси, ако некоја девојка ме фрустрира, се однесува ирационално или очекува од мене да бидам читач на мисли, се губам оттаму, би ви рекол секој маж. Особено оние со малку повеќе искуство бараат поопуштени и трпеливи девојки.

Не само девојките, туку и мажите имаат свои црвени знаменца околу тоа што бараат, посебно ако веќе имале некои лоши врски и раскинувања заради причини кои им биле битни. Повеќето мажи не сакаат жена која ќе си игра заморни ментални игри со нив во врската.

Извор: Психа


Претходно во оваа категорија:
Психологот  Пем Спар открива 10 златни правила кои т
Жените повеќе ги привлекуваат мажи кои носат очила од
Како да се зголеми сексуалното задоволство?
Сите ние веруваме во тоа дека страста во врската со те

Барај

 
Скопје -3 °C
Охрид 4 °C
  23.02.2012 Svastarnik

Соновник

Horoskop

Reklama



Македонски радија



Пријатели

first
  
last
 
 
start
stop

RSS Feed

STOP ACTA!

Petok

ДакоСпорт